Полуматурантите од ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ ги испратија своите желби вивнувајќи балони

Полуматурантите од ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода денеска ги земаа своите свидетелства за деветто одделение. Иако поради состојбата со коронавирусот, полуматурантите и матурантите во државава не добија соодветни прослави и забави, сепак од училиштето одлучиле да им приредат една свечена церемонија за доделување на свидетелствата, а притоа се почитувале сите мерки за заштита од вирусот.

 

 

„Наставниот кадар од Општинското основно училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ со чест и задоволство испрати една успешна генерација (2011-2020 ). Ова е генерација која што помина низ процесот на поучување и учење вклучувајќи ги сите современи техники и методи. Современата настава и залагањето на професионалниот тим на училиштето овозможи тие да се стекнат со вештини и компетенции соодветни да се носат со предизвиците на новото време. Покажувајќи висока свест во заштита на своето и колективното здравје, почитувајќи ги сите пропишани мерки, со насмевка ги испратија своите желби вивнувајќи ги балоните во иднината“, соопштија од училиштето.