Новогодишна претстава – IV-1 одд.

Во пресрет на Новогодишните  празници учениците од IV-1 одделение, реализираа самостоен проект со изведба на Новогодишна претстава базирана на самостојно сценарио, сценографија и режија, која самите ученици ја осмислија, под менторство на нивните наставнички Сузана Величковска и Наташа Трајковска. Учениците ја реализираа претставата во 3 изведби кои беа организирани пред своите соученици од другите одделенија.
Поттикнувањето и поддршката на проекти од ваков тип каде се истакнува и мотивира тимскиот дух за сеопфатна организација и реализација од страна на учениците е наша цел , за да промовираме понапредна димензија во образовниот процес и продуцирање напредни генерации со уште подалекусежни достигнувања.

Среќна Нова 2024 година!