На општинскиот натпревар по шах одржан на 07.03. во спортската сала во ОУ ,,Круме Кепески” и организиран од Шаховскиот сојуз на градот Скопје како дел од проектот ,,Шах во школите” од нашето училиште земаа учество ученици од I до IX одделение.
Како и секогаш традицијата продолжува, па така и на ова натпреварување кузмановци си заминаа накитени со сребрен и бронзен медал. Ученичката Дениција Георгиевска од IV – 1 одделение се закити со сребро, а бронзата ја зема ученикот Вања Јанически од V – 2 одделение.