Детскиот новинарски клуб на ООУ “Кузман Јосифовски – Питу”, предводен од менторот Татјана Нанкова и директорот Андреја Стојанов, гостуваше на Правниот факултет “Јустинијан Први” и имаше чест да постави неколку прашања на Американската амбасадорка во Република Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.
Оваа соработка претставува значаен чекор за нас како младинска иницијатива која има за цел да ги охрабри децата и младите да поставуваат прашања, да истражуваат и да учат преку дијалог со луѓе што имаат важни улоги во општеството. Во разговорот со амбасадорката се осврнавме на теми како што се младинската вклученост, образованието, културната размена, но и улогата на младите новинари во создавање одговорно и информирано општество.
Исклучително сме благодарни за поддршката и охрабрувањето што го добивме, и се надеваме дека оваа епизода ќе инспирира многу деца и млади да веруваат во своите идеи, гласно да ги споделуваат своите ставови и активно да учествуваат во јавниот дискурс.
Ве покануваме сите да ја слушнете оваа посебна епизода и да нè следите и понатаму, затоа што ова е само почеток на уште многу возбудливи разговори и проекти, предводени од нас, Новинарскиот клуб! Со гордост можеме да кажеме дека НИЕ ќе бидеме дел од следната епизода на овој подкаст!
Новинарскиот клуб на ООУ КУЗМАН
📚🏫😀