На ден 02.04.2025 год. училишниот специјален едукатор и рехабилитатор го одбележа 2 Април Светскиот ден на свесноста за аутизмот, преку презентација и ликовни работилници во III-2, VII-1 и VIII-3 одделение.
Целта на ова презентација беше учениците да се запознаат со карактеристиките на лицата со аутизам, како да ги препознаат и како да им помогнат. Целта на ликовната работилница беше развој на креативност, подобрување на фина моторика и тимска работа.
По повод 2 април – Светскиот ден на Аутизмот, со учениците од III- 3 одделение реализиравме работилница за подигнување на свеста за лицата со Аутизам со наслов ” Заедно сплотени да рушиме бариери”.
