Кодекс на однесување на учениците, наставниците, родителите и другите вработени во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу”, Скопје

ООУ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“

КИСЕЛА ВОДА СКОПЈЕ

 

Тел.бр.3165 365, факс 3120 303, ул. Антон Попов бр.2, К.Вода  1000 Скопје

 

Врз основа на член 113 од Законот за основно образование ( сл. весник на РСМ бр. 161/2019, 229/20, 3/2025 ) точка 4 и 4.1 од Упатството за постапката за пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување бр. 18-6570/1 од 06.07.2020 година, издадено од Министерството за образонавие и наука, Директорот на ООУ „Кузман Јосифовски- Питу”, Скопје, Кисела Вода, донесе:

 

Кодекс на однесување на учениците, наставниците, родителите и другите вработени во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу, Скопје

 

Во кодексот за однесување се вклучени основните норми и начела за однесувањето во училиште кои се задолжителни за сите ученици, вработени и родители на ученици во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу, Скопје.

Кодексот се применува на сите категории ученици и вработени – ученици, наставен кадар, стручна служба, административно и техничко лице, без оглед на нивниот работен ангажман или работно време.

Примената на овој кодекс е задолжителна и има за цел да обезбеди доследно, одговорно и транспарентно однесување, во согласност со законските прописи, интерните акти на училиштето и општите морални и етички норми.

 

  1. Кодекс на однесување на учениците во училиште:

 

  • Посетување на наставата
  • Учениците се должни навремено и редовно да присуствуваат на наставата која започнува во 8:00 часот;
  • учениците треба да бидат во училиште, најдоцна 10 мин. пред започнување на часовите;
  • учениците треба задолжително да ја носат својата ученичка униформа и да се грижат за истата;
  • за време на малите одмори во времетраење од 5 мин. учениците не треба да ја напуштаат училишната зграда без посебна причина;
  • за време на големиот одмор кој започнува после вториот час, учениците треба да внимаваат, да го почитуваат времетраењето на одморот од 20 мин. и да не доцнат на наредниот час кој започнува во 09:45 часот;
  • учениците треба да го почитуваат и времетраењето на одморот од 10 мин. кој започнува после петиот час и да не доцнат на наредниот час кој започнува во 12:05 часот.
  • учениците се должни да го чекаат наставникот на своето место во училницата;
  • секое доцнење на часовите ќе биде евидентирано и санкционирано;
  • секое отсуство од наставата, ученикот треба навреме да го оправда од родител/старател или со медицинска белешка;
  • секое неоправдано отсуство на учениците ќе се евидентира и ќе има последици согласно училишниот правилник.

 

  • Однесување во училиште
  • Учениците треба да се однесуваат пристојно и со почит кон сите наставници, вработени во училиштето и нивните соученици;
  • учениците се должни да ги извршуваат сите училишни обврски утврдени со годишната програма на училиштето;
  • ученикот треба секогаш и секаде да внимава на својот јазик, кој треба да е литературен, јасен и достоинствен;
  • ученикот треба секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување, да формира културни и естетски навики и да внимава на својот морален лик;
  • ученикот треба да се изградува како зрела личност, како би имал углед во училишната заедница и пошироко и да негува позитивни особини како што се: другарство, емпатија, комуникација, толерантност, хуманост, и одговорност;
  • ученикот треба да развива позитивни карактеристики како што се: учтивост, чесност, самокритичност, искреност и.т.н.;
  • да ги почитува разликите меѓу луѓето по било која основа и да има правичен и толерантен однос;
  • дежурните ученици треба навремено да ги исполнуваат своите должности;
  • строго е забрането насилство во училиштето од било каков вид (физичко, вербално, психолошко, сексуално и.т.н.);
  • строго е забрането внесување и користење на остри предмети, запалливи или експлозивни направи и средства, како и недозволени супстанции на зависност (алкохол, цигари, и дрога) во просториите на училиштето;
  • учениците се должни навремено да ја известат стручната служба за потенцијалните конфликти или насилство помеѓу поединци и групи во училиштето и надвор од него;
  • учениците се должни да бидат дисциплинирани и работно ангажирани за време на наставата;
  • учениците се должни да се грижат и одговорно да се однесуваат за хигиената во училиштето како и за имотот и инвентарот во училиштето;
  • се забранува фрлање отпадоци во работните простории, ходниците и училишниот двор – истите треба да се фрлаат во корпите за отпадоци;
  • намерно оштетување на училишниот имот и инвентар ќе биде санкционирано и може да доведе до надомест на штета;
  • учениците се должни да го почитуваат училишниот кодекс и да не ја попречуваат реализацијата на наставата;
  • секој ученик има право на еднаков третман од страна на наставникот во однос на предавањето и оценувањето;
  • на учениците им е забрането користење на мобилни телефони за време на наставата освен со дозвола од наставникот во корист на наставата;
  • забрането е секаков вид на дискриминација меѓу учениците;
  • ученикот не смее без одобрение од наставникот да го напушти часот и да се задржува во санитарните простории и по ходниците;
  • самоволното напуштање на часот, пред и за време на наставата од страна на ученикот се смета за прекршок и за тоа покрај неоправдан изостанок се изрекува соодветна педагошка мерка;
  • ученикот не треба да носи вредни предмети во училиште (накит, поголема сума на пари ) кои при губење, училиштето не сноси одговорност;
  • предвидените одредби се однесуваат и при реализација на воннаставните активности (посети, екскурзии, настава во природа, набљудувања);
  • секој ученик е одговорен за своето однесување и постапки, почитувањето на правилата овозможува безбедна, пријатна и продуктивна средина за сите.

 

  • Ученикот и воспитно-образовниот процес

Во процесот на своето образование и воспитание ученикот треба да научи:

  • Редовно и исполнително да ги извршува своите училишни задачи;
  • да внимава и да биде сконцентриран на часовите;
  • да ја развива својата способност за учење;
  • да покажува иницијатива и самостојност во учењето;
  • да стекнува вештини за лична ефикасност, планирање и организација на своите училишни обврски;
  • редовно да ги користи наставните средства и помагала што му стојат на располагање;
  • во учењето да прифаќа примена на нови наставни дигитални технологии и истите да ги користи за образовни цели;
  • да ја цени сопствената работа и трудот на другите ученици и наставници;
  • ченикот не треба да го прекинува наставникот во текот на предавањето со прашања кои не се во контекст на наставната содржина;
  • да ги почитува правилата и критериумите кои ги поставил наставникот;
  • редовно да го информира родителот за својата работа и однесување во училиштето и надвор од него;
  • да соработува и комуницира со родителите и училиштето за решавање на проблеми на основа на меѓусебна доверба и разбирање.

 

  1. Кодекс на однесување вработените во училиштето

Кодексот на однесување на вработените во училиштето претставува нормативен докумант со кој се утвруваат основните принципи, стандарди и правила на професионално и етичко однесување на сите вработени во училиштето. Целта на овој кодекс е унапредување на професионалната култура, обезбедување на безбедна и поддржувачка образовна средина, како и заштита на интегритетот на воспитно-образовниот процес.

Во училиштето е строго забрането дискриминација по однос на: пол, возраст, раса, етничка припадност, националност, религија, политичко и верско уверување, ментална и/или телесна попреченост, семејна или брачна состојба, сексуална ориентација, социјален статус и имотна и општествена положба.

 

  • Вработените во училиштето се должни да се однесуваат со почит и донстоинство кон учениците, родителите и останатите вработени;
  • да покажуваат високо ниво на професионализам, интегритет и објективност во извршување на своите должности;
  • редовно и навремено да ги извршуваат своите работни задачи;
  • да го почитуваат работното време, времетраењето на паузата, училишниот правилник и законските прописи;
  • да покажуваат иницијатива и стремеж кон постојан професионален развој;
  • да создадат безбедна, поддржувачка и позитивна средина;
  • да го чуваат угледот на училиштето и да промовираат добри практики во воспитно-образовниот процес;
  • одговорно да го користат училишниот имот и неговите ресурси;
  • да ги почитуваат правата на родителите кои треба да бидат информирани и вклучени во воспитно-образовниот процес;
  • меѓусебно да соработуваат врз основа на размена на искуства, взaемно договарање и ефикасно извршување на задачите;
  • да покажува солидарност со колегите кога станува збор за социјални или здравствени проблеми;
  • да ги почитува и спроведува ставовите и одлуките на мнозинството.

 

2.1. Кодекс на однесување на наставниците и стручните соработници

       Наставникот е должен:

  • Да го почитува работното време и навреме да доаѓа на работа;
  • редовно да ја одржува наставата според однапред подготвен распоред;
  • навреме да да го започне и евидентира часот и да го почитува неговото времетраење;
  • да ги евидентира отсутните ученици на почетокот на часот;
  • да има современ и етички пристап кон работата;
  • да ја почитува личноста на секој ученик;
  • професионално, чесно и објективно да се однесува кон секој ученик;
  • да покаже дека верува во способноста за учење кај секој ученик и истите да ги мотивира;
  • да користи соодветен позитивен пристап кон секој ученик;
  • да го сослуша секој ученик кој ќе му се обрати за помош;
  • да гради однос на заемно разбирање и почитување;
  • да им помага на учениците кои заостануваат во совладување на наставните содржини;
  • да води сметка за дискреција за лични и семјени состојби на родителите;
  • да биде во редовна комуникација со родителите при што навреме и објективно ќе ги информира;
  • да се грижи соработката со родителите да биде непосредна и ефективна;
  • да обезбеди позитивна работна атмосфера и ангажирање на сите учениц;
  • постојано да работи на унапредување на квалитетот на планирање и реализирање на наставата;
  • секогаш и секаде да внимава на јазикот на изразување кој треба да е литературен и пристоен;
  • настојува учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат во училиштето и надвор од него;
  • да пријави вербално и физичко насилство меѓу поединци или група ученици;
  • постојано да работи на своето стручно усовршување;
  • да се ангажира во развојни проучувања и проекти во училиштето и надвор од него;
  • постојано и реално да го оценува знаењето на учениците според истакнати критериуми за оценување и редовно да ги информира за нивните постигнувања.

 

Стручниот соработник е должен:

  • Да го почитува работното време и навреме да доаѓа на работа;
  • својата работа да ја извршува совесно, одговорно во согласност со законските прописи и етичките стандарди на професијата;
  • да покажува непристрасност и објективност во работата со учениците и наставниците;
  • да се однесува донстоинствено со почит и разбирање кон сите учесници во воспитно-образовниот процес;
  • да пристапува во најдобар интерес на ученикот, обезбедувајќи поддршка согласно неговите потреби и карактеристики;
  • да гради односи на на меѓусебно разбирање, почитување и соработка со учениците и останатите вработени;
  • да препознава и соодветно да реагира на ситуации на ризик, насилство, занемарување или друг ризик кој ја нарушува добросостојбата на ученикот;
  • постојано да работи на зајакнување на ученичката мотивација, самодоверба и позитивен развој;
  • личните и чувствителни податоци за учениците и нивните семејства да ги третира како строго доверливи информации;
  • да соработува конструктивно со наставниот кадар, раководството, родителите и надворешните институции во интерес на ученикот;
  • редовно да присуствува на Советите и тимските состаноци во училиштето;
  • постојано професионално да се развива и усовршува преку обуки, семинари, консултации и истажувања;
  • да работи во согласност со Законот за основно образование , Конвнцијата на правата на детето и правилниците на училиштето.

 

  1. Кодекс на однесување на родителите

           Родителите се должни:

  • Родителите треба да се однесуваат со почит кон сите вработени во училиштето;
  • да го почитуваат куќниот ред и законските одредби во училиштето;
  • при влегување во училиштето да се легитимира кај одговорно лице;
  • со своето однесување да даваат позитивен пример на своите деца-ученици;
  • да се грижи неговото дете редовно и навремено да ја посетува наставата;
  • редовно да се информира за успехот, напредокот и поведението на своето дете;
  • задолжително да присуствува и активно да учествува на родителските средби, настани, совети и активности организирани од страна на училиштето;
  • навремено да известува и оправдува часови за евентуални отсуства или потреби на неговото дете што може да влијаат на неговото учење или однесување;
  • да ги потикнува и поддржува своите деца на редовно учење, извршување на домашните задачи и активно учество на часовите;
  • да ги охрабрува децата да ја почитуваат дисциплината, наставниците и другите ученици;
  • редовно и навремено да одговара на повикот на наставниците или стручната служба во училиштето;
  • да соработува и пријавува секаков вид на насилство врз своето или друго дете кај наставникот или педагошко-психолошката служба заради преземање соодветни педагошки мерки;
  • да соработува и активно да учествува во решавање на пробелмите со учениците во паралелката;
  • активно да учествуваат и да се вклучуваат во хуманитарни акции од страна на училиштето според нивните можности;
  • да внимава при паркирање на своето возило да не го попречува/блокира влезот на училиштето;
  • родителите се должни навремено да ги подмират финансиските обвски кон училиштето (храна, списанија, екскурзии, обезбедување и др.);
  • родителите не смеат да се вклучуваат во детски расправи и да се обраќаат директно на други деца со совети, прекори, укажувања и сл. туку да се обрати преку наставник;
  • родителите треба да соработуваат со училиштето во најдобар интерес научениците и да ги почитуваат протоколите на училиштето.

 

Дел. Бр. 02-279/1

од 20.05.2025 год.

 

                                                                                                                                                      Директор:

Мишела Николовска-Милеска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу