Во периодот од 06 до 15 февруари 2026 година, на иницијатива на градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, во координација на Татјана Нанкова од Општина Кисела Вода и учество на Лилјана Данилов, наставник по англиски јазик од ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, се одржа меѓународен тренинг-курс во Кајсери, Република Турција, со поддршка на програмата Erasmus+.
На обуката учествуваа партнери од Македонија, Турција, Романија, Италија, Бугарија, Португалија и Малта.
Активностите беа насочени кон продлабочување на знаењата за Европскиот зелен договор преку презентации, тимска работа и размена на добри практики. Особено внимание беше посветено на развој на зелени вештини, одржлив транспорт и климатска свест, како и на изработка на алатки за работа (toolkit) кои можат да се применуваат во наставната пракса.
Преку зголемување на свеста доаѓа до акција — а акцијата води до значајни и долготрајни промени. 🌱 Младите учесници, стекнувајќи знаења за одржливоста, се подготвуваат да станат активни промотори на Зелената агенда и да придонесуваат за подобра, пофер и одговорна иднина за своите заедници и за Европа како целина.
Гордост е да се биде дел од проект поддржан од Турската национална агенција во рамки на програмата Erasmus+, каде учењето ги надминува рамките на училницата и преминува во реалниот живот — создавајќи меѓународни партнерства, зајакнувајќи професионални компетенции и овозможувајќи претворање на знаењето во конкретен и видлив придонес за општеството.
