На 20,21,22 април нашите ученици учествуваа на манифестацијата,,Денови на Електротехниката”во организација на СЕТУ ,,Михајло Пупин”-Скопје.
Првиот ден учениците решаваа тест од темата Електричество и Магнетизам каде иако не влегоа во финале,покажаа доста солидни резултати.Учество земаа учениците од 9-2одд: Миа Саздовска,Јана Стојановска и Филип Несторовски со нивниот ментор Јулија Митреска.
Вториот ден имавме организирана посета на хидроцентралата Вруток каде учениците се запознаа практично со работата на хидроцентралата и производството на електрична енергија од вода…Третиот ден најдобрите три екипи се натпреваруваа во финале.Учениците имаа едно ново искуство,ги надоградија своите знаења по физика и беа многу задоволни од целокупната тродневна активност.
