Активности на VII – 2 одделение

На ден 29.02.2024 година учениците од VII – 2 одделение со својот класен раководител Лилјана Данилов ја посетија приватната гимназија Алгоритам, каде што наставниците од гимназијата им одржаа час по роботика. Покажани им беа разни проекти од други ученици, а се запознаа и со нивниот создаден миленик роботот Крсте. Учениците имаа можност да испробаат интересна технологија наречена VR(виртуална реалност) .

Учениците исто така ја посетија „Спомен куќата на Мајка Тереза“. Таму тие открија дека Мајка Тереза била прогласена за светица во 2016 година. Тие видоа различни лични предмети на мајка Тереза, исто така и неколку статуи од неа.