Годишен преглед на активностите од проектот A.R.G.O.

Со почетокот на учебната 2021/22 година започна и реализацијата на активностите на проектот A.R.G.O. – Art and cReativity to Grow up in cOoperation. Преку раскажување и споделување легенди, искуства, приказни од вклучените земји во проектот (Романија, Португалија, Северна Македонија и Италија) се реализира основната цел на проектот: создавање на креативно и критичко размислување на учениците, како и подобрување на нивните вештини во изразување на англиски јазик. Активностите на проектот се насочени кон мотивацијата на учениците за активно учество во воннаставни активности,преку кои директно се влијае на подигнување на граѓанските, етичките и културните компетенции на секој од учесниците. Во текот на второто полугодие беа реализирани две мобилности (посети на партнерските училишта од Португалија и Италија) и пречек на сите партнери, ученици и наставници од трите земји во нашето училиште. Првата мобилност се реализираше во периодот од 21 до 26 март 2022 година, тим составен од 6 ученика во придружба на два наставника беа во посета на училиштето партнер во Алвито, Португалија, а втората мобилност се реализираше од 02 до 07 јуни со тим од 5 ученика и двајца наставници. За време на посетата беа реализирани предвидените активности од страна на домаќините, а планирани според содржината на проектот.

Нашето училиште беше домаќин на активностите од проектот во период од 03 до 06 мај 2022 година. Училиштето подготви програма која опфати интересни активности и посети. Планираните активности овозможија реализација на основната идеја на проектот, а тоа се посети на музеи и природни локалитети од каде учениците добија информации за интересни легенди и приказни, а воедно гостите од партнерските училишта се запознаа со убавините и историјата на нашата земја. Сите овие активности придонесоа до успешна реализација на основната цел на проектот, создавање на креативно и критичко размислување на учениците, како и подобрување на нивните вештини во изразување на англиски јазик. Ученичкиот тим воден од одговорниот наставник – координатор на ученичкиот тим релизираше и дисеминациски настан, преку отворен Еразмус ден во подрачното училиште. Сите заинтересирани ученици можеа до го посетат настанот и да се запознаат со искуствата кои учениците ги добија како гости на мобилностите и како домаќини при посетата на партнерите.

Претставници на училишен ARGO тим:

  1. Викторија Смилевска – Координатор на проектот,
  2. Лилјана Данилов – Координатор на тим ученици,
  3. Павлина Урдаревска – наставник по ангиски јазик ,
  4. Анастасија Гоговска – наставник по англиски јазик ,
  5. Андреја Стојанов – Директор на училиштето.