Училиштето домаќин на активностите од проектот ARGO

Како дел од проектот A.R.G.O. – Art and cReativity to Grow up in cOoperation, на Еразмус + програмата,  ООУ Кузман Јосифовски – Питу од Кисела Вода во периодот од 03 до 06 мај 2022 година беше домаќин на партнерските училишта од Италија, Португалија и Романија.

Училиштето подготви програма која опфати интересни активности и посети. Планираните активности овозможија реализација на основната идеја на проектот, а тоа се посети на музеи и природни локалитети од каде учениците  добија информации за интересни легенди и приказни, а воедно гостите од партнерските училишта се запонаа со убавините и историјата на нашата земја.

Сите овие активности придонесоа до успешна реализација на основната цел на проектот, создавање на креативно и критичко размислување на учениците, како и подобрување на нивните вештини во изразување на англиски јазик.