Денес нашите првачиња преку креативна и весела работилница открија дека другарството е вистинско богатство! Со насмевки, игри и заеднички активности учеа како се гради пријателство, како се помага и како се чува добриот другар. Мали срца – големи другарства!
Денес во петто одделение се реализираше успешна и многу интересна работилница за детските права и одговорности. Учениците преку игра, разговор и групна работа научија дека покрај правата кои ги имаат, секое дете има и свои обврски и одговорности. Активност која поттикна размислување, соработка и почитување …
Ни претстои Светската недела на детето – период исполнет со активности, посветени на најмладите и на нивните права. За нас, како училиште, оваа недела е од особено значење бидејќи децата се срцето на сè што правиме.
Денес нашите најмали – првачињата, успешно се приклучија во детската организација. Со насмевки, песни и многу радост влегоа во светот на другарството, љубопитноста и детските права. Нека им е среќен почетокот
Во четврто одделение учењето е вистинска авантура! Денес преку игри, песни и креативни активности ги откриваме деловите на човековото тело . Рацете цртаа, очите набљудуваа, ушите слушаа, а срцето се радуваше на секој нов збор.
ООУ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ КИСЕЛА ВОДА СКОПЈЕ Тел.бр.3165 365, факс 3120 303, ул. Антон Попов бр.2, К.Вода 1000 Скопје Врз основа на член 113 од Законот за основно образование ( сл. весник на РСМ бр. 161/2019, 229/20, 3/2025 ) точка 4 и …
Денес училиштето повторно оживеа со детска насмевка и џагор. Најсреќни беа нашите првачиња кои го направија првиот чекор во светот на знаењето . Им посакуваме успешен и среќен почеток , исполнет со другарство, игри и учење.
1 СЕПТЕМВРИ – ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА Со голема радост го најавуваме почетокот на новата учебна година! Нашето училиште повторно ќе заживее со детски џагор, насмевки и радост, полни училници со ученици кои ќе создаваат нови пријателства. На сите наши ученици им …