На општинскиот натпревар по шах одржан на 07.03. во спортската сала во ОУ ,,Круме Кепески” и организиран од Шаховскиот сојуз на градот Скопје како дел од проектот ,,Шах во школите” од нашето училиште земаа учество ученици од I до IX одделение. Како и секогаш традицијата …
Учениците од IV 3 одделение заедно со својот одделенски раководител Наташа Јовановска и посебните паралелки во соработка со децата од објект “Перуника” – ЈДГ “Весели цветови” денес имаа заедничка акција. Тие засадија дрва со цел зазеленување на училишниот двор.
На ден 29.02.2024 година учениците од VII – 2 одделение со својот класен раководител Лилјана Данилов ја посетија приватната гимназија Алгоритам, каде што наставниците од гимназијата им одржаа час по роботика. Покажани им беа разни проекти од други ученици, а се запознаа и со нивниот …
Учениците од IV – 3 одделение заедно со својата наставничка Наташа Јовановска изработија проект и опишаа неколку ретки болести со цел да ја поттикнат свеста кај децата и возрасните за подршка на лицата со ретки болести.
На ден 27.02.2024 година учениците од IV-1 одделение заедно со своите наставнички Сузана Величковска и Наташа Трајковска го посетија претседателот на државата Стево Пендаровски. Во претседателската резиденција учениците остварија средба, поставуваа прашања, но и спонтано комуницираа и се дружеа со претседателот. Исто така учениците изработија …
По повод патрониот празник на ден 23.02.2024 година во нашето училиште беше одржана манифестација на која присуствуваа претставници од општина Кисела Вода, директори од останатите општински училишта, претставници од советот на родители и учлишниот одбор. За прекрасниот настан се погрижија учениците од сите одделенија, училишниот …
Во пресрет на Новогодишните празници учениците од IV-1 одделение, реализираа самостоен проект со изведба на Новогодишна претстава базирана на самостојно сценарио, сценографија и режија, која самите ученици ја осмислија, под менторство на нивните наставнички Сузана Величковска и Наташа Трајковска. Учениците ја реализираа претставата во 3 …
За многу од нас, Новата година е симбол на нов почеток, на преродба, на нови надежи и соништа, на желба да се подобриме како личности. Секој од нас верува дека годината која доаѓа ќе биде подобра од претходната и ќе донесе повеќе здравје, среќа и …
На ракометната лига во организација на Општина Кисела Вода ООУ К.Ј.Питу извојува победа против ООУ Кузман Шапкарев. И оваа година атакуваме на шампионска титула. Раководството на училиштето упатува благодарност до колегите што овозможија учениците повеќе пати да тренираат и да се подготват за натпреварите.
По повод светската Недела на детето, а под мотото Здрави навики изминатиов викенд во дворот на нашето училиште се одржа вториот спортски хепенинг. Овој настан кој има тендеција да премине во традиција, беше круна на серијата активности кои се реализараа во текот на целата работна …