Денот на училиштето

По повод патрониот празник на ден 23.02.2024 година во нашето училиште беше одржана манифестација на која присуствуваа претставници од општина Кисела Вода, директори од останатите општински училишта, претставници од советот на родители и учлишниот одбор. За прекрасниот настан се погрижија учениците од сите одделенија, училишниот персонал и хорот при училиштето.

Исто така, учениците од V одделение положија цвеќе на бистата на Кузман Јосифовски – Питу во паркот „Жена Борец“, а учениците од IX одделение положија цвеќе на бистата на нашиот патрон во паркот „Алумина“.