Светскиот ден на детето, кој се прославува на 1 јуни, денеска беше одбележан во дворот на нашето училиште. Под мотото „Децата се нашиот свет“, а во присуство на стотина деца, родители, наставници и претставници од Општината, се одржа пригодна манифестација на која им беше оддадена почест на најдобрите ученици, но и на нивните ментори, кои постигнале извонредни резултати на државни, регионални и меѓународни натпревари во индивидуални и екипни настапи.
„Годинава имаме над 88 наградени ученици и тој број веројатно ќе расте биејќи државните натпревари по некои предмети допрва ќе се одржат. Ова е голем успех за сите нас, за учениците, за наставниците, за родителите, но и мотив за сите што доаѓаат да продолжат по стапките на своите соученици“, со гордост ни изјави директорот на училиштето, Андреја Стојанов.
Со многу овации, емоции и радосни честитки беа проследени сите успеси на децата, но најголемата еуфорија ја предизвика училишниот хор под менторство на наставничката Вера Ангеловска, кој годинава на меѓународен натпревар во Италија освои 2 место. На истиот настап ООУ Кузман Јосифовски Питу доби и светска шампионка во Христина Наумов – категорија вокални солистки до 13 г, две сребрени солистки (Лана Алексовска и Јана Стојановска), еден бронзен солист до 11 г (Христијан Ѓуровиќ) и солист на гитара до 14 г (Јорго Цаца).
ООУ Кузман Јосифовски Питу, досега има државен првак по хемија (Оливија Најдовска, 8 одд.), второ место по математика (Кристијан Макрески и Леонора Боегоевска 6 одд.), 3 место на државен рецитаторски натпревар (Јован Јосифовски, 6 одд), но и пласмани на државен по физика, биологија, англиски и македонски јазик. Не, помалку успеси се постигнати и во областа на ликовната, уметност, традиционалната архитектура, природни науки, шах итн.
Секако за одбележување се и спортските екипни успеси, односно 2 злата (ракомет и кошарка машки), 1 сребро (фудбал машки ), 1 бронза (ракомет женски) и 4. место за одбојкарките – сите под менторство на наставничката Наташа Петровска Дургутов).
Признание им беше оддадено и на наставниците – ментори кои со своето несебично вложување и труд ги учат, мотивираат и поддржуваат учениците постојано по патот на нивното образование. Покрај пофалница од училиштето, најдобрите добија и скромни подароци од компаниите Тримакс, Нобел и Арс Ламина.
На крајот децата од „Кузман“ ја испратија и својата порака до сите присутни,
„Секое дете има свои желби, соништа, своја страст, почитувајте ги, секое дете е различно и посебно баш заради тоа. Детската среќа зависи од сите вас, од сите ваши сегашни активности, а со тоа и нашата иднина. Затоа имајте повеќе разбирање, правете повеќе добрини, давајте ни повеќе позитивни примери.“
Нека е среќен Денот на детето и секој нареден ден!
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ
Одделенска настава (од прво до петто одделение)
- Олег Новевски 1-1 одд.
– 3 место – општински натпревар шах
- Филип Славенски 3-2 одд
– општински натпревар шах – 3 место
- Златјан Јанков 4-1 одд
- Регионален натпревар по математика – 2 место
- Регионален натпревар по природни науки 1 место (ментор Сузана Величковска и Наташа Трајковска)
- Неда Тасевска 4-1 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 3 место
- Лука Крстевски 4-1 одд
- Општински натпревар по шах- 3 место
- Марко Митроски 4-1 одд
- Регионален натпревар по шах – 3 место
- Дениција Георгиевска 4-1 одд
- Општински натпревр по шах – 2 место
- Регионален натпревар по математика 2 место (ментор Сузана Величковска и Наташа Трајковска.)
- Јана Димовска 4-1 одд
- Регионален натпревар по математика – 4 место (ментор Сузана В. и Наташа Т.)
- Андреа Анастасова 4-1 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 2 место
- Ива Митровска 4-1 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 3 место
- Дора Табаковска 4-2 одд
- Литературен конкурс – 2 место (ментор Мишела Николовска Милеска и Александра Ќурчиевска)
- Дарко Василевски
- Литературен конкурс – општински – 1 место (ментор Мишела Николовска Милеска и Александра Ќурчиевска)
- Хана Миланов 4-3 одд
- Училишен натпревар по математика – 3 место (ментор Наташа Јованоска)
- Нина Станчева 4-3 одд
- Општински натпревар по математика – 3 место (ментор Наташа Јованоска)
- Филип Трајковски 4-3 одд
- Училишен натпревар по математика – 3 место (ментор Наташа Јованоска)
- Катја Тасевска 4-3 одд
- Училишен натпревар по математика – 3 место
- Ликовен конкурс за денот на мајчиниот јазик – 2 место (Ментор Наташа Јованоска)
- Габриел Ѓоргиески 5-1 одд
- Регионален натпревар по математика – 2 место (Ментор Меропи Ѓоргиевска)
- Лука Настовски 5-1 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 2 место (Ментор Фросина Петковска)
- Петар Пешиќ 5-1 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 3 место (Ментор Фросина Петковска)
- Јована Пејчиќ 5-2 одд
- Регионален натпревар по математика 2 место (ментор Марија Колева)
- Регионален натпревар по природни науки 3 место (Ментор Фросина Петковска)
- Ијан Режак 5-2 одд
- Ликовен конкурс училишен – 1 место (ментор Марија Колева)
- Вања Јаничевски 5-2 одд
- Општински натпревар по шах – 3 место
- Јован Ацевски 5-3 одд
- Регионален натпревар по математика 2 место (ментор Винета М.)
- Регионален натпревар по англиски јазик – 3 место (ментор Анита Јовановска)
- Никола Андоновски 5-3
- Државен натпревар по англиски јазик 3 место (ментор Павлина У.)
- Петар Божјаковски 5-3
- Регионален натпревар по природни науки – 1 место (ментор Фросина П.)
- Стефан Спиров
- Регионален натпревар по природни науки – 3 место (ментор Фросина П.)
- Калина Смилевска
- Регионален натпревар по природни науки – 2 место (ментор Фросина П.)
- Бисера Стојановска
- Општински натпревар по природни науки – 3 место (ментор Фросина П.)
Предметна настава (од шесто до деветто одделение)
- Ева Мицкоска 6-1 одд
- Државен натпревар по математика – 3 место (ментор Петар Филиповски)
- Регионален натпревар по природни науки – 3 место (ментор Фросина Петковска)
- Литературна творба – 1 место (ментор Татјана Нанкова)
- Општински натпревар за литературна творба на тема Мајчин јазик – 2 место (ментор Татјана Нанкова)
- 2 награда на регионален натпревар по македонски јазик (ментор Татјана Нанкова).
- Стефан Саракински 6- 1 одд
- Регионален натпревар по англиски јазик – 3 место (ментор Анита Јовановска)
- Јована Нанев 6-1 одд
- Државен натпревар по македонски јаизк (ментор Татјана Нанкова)
- Леонора Богоевска 6-2 одд
- Државен натпревар по математика – 2 место (ментор Петар Филиповски)
- Кристијан Макрески 6-2 одд
- Државен натпревар по математика – 2 место (ментор Петар Филиповски)
- Мартин Јанев 6-2 одд
- Регионален натпревар по биологија – 3 место (ментор Милица)
- Јован Јосифовски 6-2 одд
- Државен рецитаторски натпревар по македонски јазик – 3 место (Елизабета Камческа Тодоровска)
- Христина Трпевска 6-2 одд
- Литературен училишен конкурс – 3 место (ментор Елизабета К.)
- Мина Костов 6-3 одд
- Општински натпревар по англиски јазик – 3 место (ментор Анастасија)
- Јана Спасиќ 6-3 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 3 место (ментор Фросина П.)
- Максим Шишоски 6-3 одд
- Регионален натпревар по природни науки – 2 место (ментор Фросина Петковска)
- Максимилиан Лозналиев 7-1 одд
- Регионален натпревар по биологија – 3 место (ментор Милица Блажевска)
- Миа Саздовска 7-2 одд
- Регионален натпревар по англиски јазик – 1 место (ментор Лилјана Данилов)
- Марко Маринковски 7-3 одд
- Регионален натпревар по германски – 2 место (ментор Доријана)
- Општински натпревар по математика – 1 место (ментор Лидија Д.)
- Петар Петровски Дургутов 8-1 одд
- Општински натпревар по биологија – 2 место (ментор Милица Блажевска)
- Христина Наумов 8-1 одд
- Општински натпревар по англиски – 2 место
- Кирил Андоноски 8-1 одд
- Регионален натпревар по физика
- Горјан Крстевски 8-2 одд
- Натпревар по македонски јазик – Ракатки – 1 место (ментор Татјана Нанкова)
- Лука Андреевски 8-2 одд
- Општински натпревар по шах – 1 место
- Јован Ивановски 8-2 одд
- Општински натпревар по шах – 1 место
- Ведран Лазарев 8-2 одд
- Општински натпревар по шах – 1 место
- Оливија Најдовска 8-2 одд
- Регионален натпревар по хемија – второ место (ментор Бинета Тодорова)
- Регионален натпревар по биологија – 1 место (Ментор Милица Блажевска)
- Маја Јанева 8-2 одд
- Регионален натпревар по физика – 3 место (ментор Јулија М.)
- регионален натпревар по биологија – 3 место (ментор Милица Блажевска)
- Марко Јанев 8-2 одд
- Регионален натпревар по биологија (ментор Милица Б.)
- Сара Гечевска 8-2 одд
- Натпревар по англиски јазик – 2 место (ментор Лилјана Данилов)
- Регионален натпревар по биологија – 3 место (ментор Милица Блажевска)
- Стефан Гајдов 9-1 одд
- Натпревар по историја – 2 место (ментор Стефан Штерјов)
- Евгенија Лина Кочоска 9-1 одд
- Натпревар по ликовна уметност – 1 место (ментор Стефан Штерјов)
- Лука Поповиќ 9-2 одд
- Натпревар по ликовна ументост – 2 место
- Натпревар по традиционална макеоднска архитектура – 2 место (ментор Стефан Штерјов)
- Марта Мијовски 9-2 одд
- Натпревар по ликовна уметност – 3 место (ментор Стефан Штерјов)
- Николина Ацевска 9-2 одд
- Регионален натпревар по биологија – 1 место (ментор Милица Блажевска)
- Регионален натпревар по хемија – 3 место (место Бинета Тодорова)
- Марија Шиндева
- Регионален натпревар по биологија – 2 место (ментор Милива Блажевска)
- Антонела Гроздановска 9-3 одд
- Натпревар по традиционална македонска архитектура – 1 место (ментор Стефан Штерјов)
- Успеси во спортот
- Ракомет машки – 1 место (Ментор Наташа Петровска Дургутов)
- Кошарка машки – 1 место (Ментор Наташа Петровска Дургутов)
- Фудбал машки – 2 место (Ментор Наташа Петровска Дургутов)
- Ракомет женски – 3 место (Ментор Наташа Петровска Дургутов )
- Одбојка женски – 4 место Ментор Наташа Петровска Дургутов )
- Успеси на хорот и оркестарот
Категорија вокално – инструментален ансамбл на Светски фестивал во Лидо ди јесоло – второ место (Ментор Вера Ангеловска)
- Христина Наумов – 1 место во категорија вокални солисти во категорија до 13 години (Ментор Вера Ангеловска)
- Лана Алексовска – 2 место во категорија вокални солисти до 13 години (Ментор Вера Ангеловска)
- Јана Стојановска – 2 место во категорија вокал ни солисти до 12 години (Ментор Вера Ангеловска)
- Хриситијан Ѓурович – 3 место во категорија воклни солисти до 11 години (Ментор Вера Ангеловска)
- Јорго Цаца – солист на гитара во категорија до 14 години (Ментор Вера Ангеловска).