Детската недела крунисана со спортски хепенинг

По повод светската Недела на детето, а под мотото Здрави навики  изминатиов викенд во дворот на нашето училиште се одржа вториот спортски хепенинг. Овој настан кој има тендеција да премине во традиција,  беше круна на серијата активности кои се реализараа во текот на целата работна седмица, а беа посевтени на детските права, зачленувањето на првачињата во Детската организација и манифестацијата Просветен работник на годината.

Во една супер забавна и спортска атмосфера децата, дел од наставниот кадар и училишната стручна служба, како и родителите се дружеа и ги одмеруваа силите во неколку спортови, одбојка, фудбал и кошарка.

        

Најмалите, пак, кои беа и најбројни посетители беа анимирани од нашите драги пријатели Извидничкиот одред Методи Митевски Брицо, кои не само што им презентираа дел од својата богата програма туку им организраа и интересни игри и предизвци во кои подеднакво уживаа и децата и родителите.

 

 

Поддршка на настанот му дадоа и ОК Планет и ОК Фламинго волеј кои со своите тренери Ивана и Велика презентираа дел од магијата на одбојкарскиот спорт и поделија и по некој стручен совет за сите љубители на одбојката.

Спортскиот хепенинг е настан по иницијатива на Советот на родители и е замислен пред сѐ како дружба со доза на адреналин и натпреварувачки карактер. Идејата е да им се даде позитивен пример на децата, а целта е преку спортските активности да се развиваат  спортскиот дух и здравиот начин на живот, како и да се влијае на подорбување на комуникацијата помеѓу децата, наставниците и родителите.