Детски парламент во Собранието по повод Меѓународниот ден на детето – 20 ноември

Во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, по повод 20 Ноември Меѓународен ден на детето, беше организиран Детски парламент. На него учествуваа ученици од 15 училишта од државата меѓу кои и учениците Христина Наумов, Горјан Андоновски, Јана Филипоска и Кирил Андоновски од нашето училиште.

Учениците:
– ја разгледаа внатрешноста на Собранието,
– поставуваа прашања на пратениците,
– учествуваа во симулација на пленарна седница, преземајќи ја улогата на пратеници.

Дополнително, ги претставија своите креативни цртежи на тема „Да ја слушнеме иднината“ – годинешното мото на УНИЦЕФ за Меѓународниот ден на детето. Преку нивните дела, младите испратија моќни пораки за потребата од слушање на нивните идеи и визии за иднината.

Со оваа активност, учениците од Дебатниот клуб на ООУ Кузман Јосифовски-Питу, ја покажаа својата посветеност за промоцијата на детските права и вклучувањето на младите во демократските процеси.

Предметен наставник по историја и граѓанско образование:
Гордана Плетварска-Трајчевска