Подари пакетче, подари радост

Во пресрет на Новогодишните празници Црвен крст традиционално како и секоја година под мотото: „Подари пакетче, подари радост“ доделува новогодишни пакетчиња за најмалите дечиња од СОС Детско село, Здружение за деца со спинална мускулна атрофија, Здружение за деца со интелектуална попреченост како и училиштето ПОУ Д-р. “Златен Сремец”.

Донираната количина може да биде: новогодишни украси, сочувани или нови играчки и прехранбени продукти- производи за деца, средства за хигиена за деца итн.

Донацијата од нашето училиште денеска беше предадена на претставниците на Црвен крст.