Erasmus+ проект A.R.G.O

Со почетокот на учебната 2021/22 година, започнаа и активностите на  Erasmus+ програмата преку проектот A.R.G.O  во кој нашето училиште е едно од партнерските училишта.
Проектот “A.R.G.O. – Art and cReativity to Grow up in cOoperation”потекнува од потребата да се промовира креативното учење преку раскажување приказни и уметност, употребувајки иновативни наставни алатки за инклузивни и кооперативни активности. Употребата на пишани приказни во комбинација со музика, фотографија, цртање, ќе им овозможи на учениците креативно критичко размислување.  Активностите за време на мобилностите ќе опфатат нарација и споделување легенди, искуства и приказни од вклучените земји во дизајнот на проектот. Партнерските училишта вклучени во проектот доаѓаат од  Романија, Португалија, Италија и Северна Македонија.
Првата онлајн средба на учениците од четирите училишта се реализираше на 29ти септември. Секое партнер училиште имаше прилика да ја презентира својата земја и училиштето. 
Покрај презентацијата на нашата земја и училиштето, ученици од деветто одделени го креираа и презентираа и логото на проектот.