Доделени награди и пофалници

Во чест на Денот на Општина Кисела Вода, 66 годишно постоење, градоначалникот Филип Темелковски, во паркот Македонија на учениците и наставниците, на воспитувачите и негувателите во градинките, и на институциите на територија на општина Кисела Вода и градот, традиционално додели признанија за најуспешните кои со својата работа постигнале врвни резултати.

Во градењето на ликот на општината учествуваат нејзините жители, но и нашите наставници и ученици. Хорот и оркестарот на ООУ Кузман Јосифовски – Питу, континуирано најдобри и наградени во две категории, под диригентската палка на наставникот по музичко обраование, Вера Ангеловска. Годинава нашите ученици, таленти, спортисти, се добитници на први награди како на државно, така и на меѓународно ниво, а на Денот на општината Кисела Вода се закитија со пофалници и парични награди.

Список на наградени талентирани ученици, ученици – спортисти и наставници од ООУ Кузман Јосифовски Питу –Скопје

  1. Кирил Андоновски 5-1 одд. Талентиран ученик
  2. Владимир Божичевиќ Битољану 9-2 одд. Ученик- спортист
  3. Матеа Митова 7-2 одд. Талентиран ученик
  4. Максимилијан Алексовски 7-2 одд. Ученик- спортист
  5. Ива Китановиќ 8-3 одд. Ученик- спортист
  6. Слободан Саздовски 6-3 одд. Ученик- спортист
  7. Матеј Марковски 5-1 одд. Талентиран ученик
  8. Дариан Петрески 5-1 одд. Талентиран ученик
  9. Ведран Андреев 7-1 одд. Ученик- спортист
  10. Даријан Андреев 7-1 одд. Ученик- спортист
  11. Ангела Саздова 6-1 одд. Талентиран ученик
  12. Јована Симоновска 9-3 одд. Талентиран ученик
  13. Хорот и Оркестарот на училиштето
  14. Лилјана Данилов – просветен работник на ОКВ
  15. Александра Ќурчиевска – просветен работник на ОКВ