Незаборавно патување со воз до Велес

Во корелација со предметот Општество и темите за Превозни средства и Мојата татаковина, учениците од 3/1 и 3/2 одделение од нашето училиште денеска организирано го посетија градот Велес и имаа незаборавно патување со воз. Го посетија Народниот музеј, Театарот „Џинот“ , Спомен куќата на Коста Солев Рацин и една од најубавите цркви Св. „Кирил и Методиј“. Беа срдечно пречекани и послужени со најубавата велешка пита. Македонија има безброј убавини.