Одбележан 25 март – денот на подигнување на свеста за лицата со церебрална парализа

По повод 25 март – денот на подигнување на свеста за лицата со церебрална парализа, учениците од II-3 одделение заедно со нивната наставничка Наташа Тасевска реализираа работилница со која се запознаа со значењето на поимот Церебрална парализа, споделија неколку значајни пораки, а како финален продукт беше изготвен плакат.