Врз основа на член 42 од Закон за основно образование (Сл.весник на РСМ 161/19, 229/20) и Правилникот зa начинот нa изведување нa екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта, ООУ Кузман Јосифовски-Питу, Кисела Вода, Скопје, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за прибирање на понуди за изведување на екскурзии, излети и други
вонучилишни акивности на учениците во учебната 2022/2023 година
- Еднодневен излет за учениците од 1-9 одделение
- Еднодневна екскурзија за учениците од 3 одделение.
- Дводневна екскурзија за учениците од 6 одделение.
- Тродневна екскурзија за учениците од 9 одделение.
- Четиридневна настава во природа за учениците од 5 одделение
Набавката е делива на пет дела.
Училиштето како најповолен понудувач ќе го избере понудувачот кој ги исполнува следниве минимални услови:
- да е регистриран согласно позитивните прописи на РСМ за вршење на соодветна туристичка дејност
- да е регистриран најмалку три години пред изведувањето на екскурзијата, излетот или друга вонучилшна активност на учениците од основните училишта
- да има успешно реализирано сопствена аранжманска програма во РСМ
- да ги исполнуваат условите за превоз на групи деца, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.
Критериум за избор на најповолна понуда е најниска цена. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена за најповолна ќе биде избрана понудата која е прва донесена.
Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето.
Тендерската документација да се подигне во просториите на секретарот на училиштето од 09:00 до 14:00 часот.
Понудите со потребните документи да се достават до ООУ Кузман Јосифовски-Питу ул. Антон Попов бр.2, Скопје, во затворен плик, во писмена форма, во архивата на училиштето, со назнака: ЗА ОГЛАС за прибирање на понуди за изведување на екскурзии, излети и други вонучилишни активности. Во горниот лев агол на запечатениот плик да се назначи НЕ ОТВОРАЈ.
Понудата се доставува во оригинален примерок, потпишан и заверен од одговорно лице на понудувачот и во согласност со Правилникот за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности од основните училишта бр.12-13487/1 од 19.11.2019 година.
Најповолниот понудувач е должен да достави банкарска гаранција од 5 % од вкупната вредност на доворот во рок од 3 дена од потпишување на истиот. Рокот за доставување на понудите е 5 работни дена од денот на објавувањето, односно до 14.00 часот на 15.03.2023 година.
Понудата која ќе пристигне подоцна ќе биде одбиена како неприфатлива.
Некомплетни, нецелосни и ненавремено доставени понуди нема да се разгледуваат од комисијата.
Комисија за прибирање на понуди
ООУ Кузман Јосифовски – Питу Скопје
——————————————-
Врз основа на член 113 од Законот за основно образование (Сл. весник на РСМ бр. 161/19, 229/20), согласно, OОУ „Кузман Јосифовски Питу“ Кисела Вода, Скопје, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за прибирање понуди за фотографирање ученици за учебната 2022/2023 година
1.Предмет: Барање за прибирање понуди
2.Поднесувач на барањето: ООУ Кузман Јосифовски – Питу, Кисела Вода, Скопје, со седиште на ул. Антон Попов бр. 2, Скопје.
- Понудата треба да содржи цена по ученик за:
- Пакет фотографии за ученици – полуматуранти
- 22 фотографии во формат 3,5 x 4,5 см и 2,5 х3,5 см во боја
- 4 фотографии во формат 7,5 х10см во боја
- 1 фотографии во формат 10х15 см во боја
- 1 портретна фотографија во формат 13х18 см во боја
- 1 портретна фотографија во формат 15х21 см во боја
- 1 портретна фотографија во формат 20х30 см во боја
- колор алманах испечатен на квалитетна кунздрук хартија со тврда сјајна корица(350 гр.).
- II. Групно фотографирање по одделенија ( I-во до IX-то одд )
- 4. Задолжителни прилози кон понудата:
- Име, презиме и адреса за физичко лице;
- Доказ за идентитет – фотокопија од лична карта за физички лица или тековна состојба од Централен регистер за правни лица не постара од 6 месеци;
- Потврда дека врз правниот субјект не е отворена стечајна постапка, не постара од 6 месеци, издадена од ЦРМ.
- Потврда дека врз правниот субјект не е отворена ликвидациона постапка, не постара од 6 месеци, издена од ЦРМ.
- ДРД Образец – Документ за регистрирана дејност не постар од 6 месеци, издаден од ЦРМ. (правни лица).
Документите се доставуваат во оргинал или заверени на нотар.
5. Критериум за избор на најповолна понуда:
– најниска цена
Огласот трае 5 работни дена од денот на објавувањето.
Тендерската документација да се подигне во просториите на секретарот на училиштето од 09:00 до 13:00 часот.
Понудите со потребните документи да се достават до ООУ Кузман Јосифовски-Питу ул.Антон Попов бр.2, Скопје, за Комисија за прибирање на понуди, препорачано по пошта или лично со назнака: ЗА ОГЛАС- Прибирање понуди за фотографирање на ученици во учебната 2022/2023 година. Во горниот лев агол на запечатениот плик да се назначи НЕ ОТВОРАЈ.
Некомплетни, нецелосни и ненавремено доставени понуди нема да се разгледуваат од комисијата.
Комисија за прибирање на понуди
ООУ Кузман Јосифовски – Питу Скопје