Освоени награди на 45-та школа на „Млади физичари“

На 16-ти ноември оваа година се одржа 45-та школа на „Млади физичари“ на Природно-математичкиот факултет-Скопје, каде учество земаа ученици од целата земја. Од нашето училиште ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ учествуваа 9 ученици од кои со прва награда се закитија ученичките Антонела Гроздановска и Матеја Горгијева од 9-3 одд., втора награда ученичките Николина Ацевска и Марија Шиндева од 9-2 одделение. Успешно учество имаа и учениците Кирил Андоновски, Петар Петровски Дургутов, Емил Скалов, Матеј Марковски од 8-1 одд. и Даријан Петрески од 8-3 одделение под менторство на наставничката по физика, Јулија Митреска.