Освоени награди на тема „Македонија мојата татковина, мојот дом“

По повод патрониот празник во нашето училиште беше објавен литературен и ликовен конкурс со тема „Мојата татковина, мојот дом“ каде учениците имаа можност да творат и сликаат.

Првото место на литературниот конкурс го освои ученичката Ева Мицковска од VI – 1 одделение, второто место го освои ученичката од VIII – 1 одделение, Христина Наумов, а третото место го освои ученичката Христина Трпевска од VI – 2 одделение.

Македонија – мојата татковина, мојот дом

Македонија, моја татковина, мој дом
среде планини и реки и в недоглед небо сино.
Тука, сонцето в златна свети боја
и гроздови гали, ги точи во вино.

Тука, во срцето мое, гори желба вечна
од Охрид до Пирин, од Егеј до Шара
дур досега поглед и ме прави среќна
дур сум жива неа, душа ќе ја бара.

Филип, Александар што ти дале слава
и в Библија чие се споменува име.
Илинденци бројни што си ги дала
земојо моја мила, мајко ти на сите.

Сред векови бурни, војни и битки
не демнееше тажно време, ни живот, ни младост.
Илјадници синој и ќерќи бројни живот дале
за слобода сега да живееш, в радост.

Македонијо – мој дом, татковино моја,
во срцето мое ќе те чувам вечно
во тебе ќе те творам, радости ќе бројам
ќе верувам и ќе живеам – гордо, слободно и среќно!

Кузмане Питу го спаси народот беден
секој од вас во тоа има придонес, секој од вас беше вреден.
По илјадници битки и војни
вие ја спасивте нашата земја, за сега ние да живееме спокојни.

Македонија – мојата татковина, мојот дом

Татковина моја,
Е прекрасна и своја!
Езера и планини
Низини и падини!

Татковината наша,
Е прекрасна и лична,
Ако некој праша-
Како неа нема слична!

Три езера – блескави и чисти
Вечно останете наши!
Вашиот блескав сјај,
Ме носи во бескраен рај!

Со планини високи
Од сите страни е опсолена,
Мојата мила
Република Македонија!

Земјата е мека,
Водата е бистра,
Сликата е јасна,
Сликата е чиста!

Мојата татковина,
Е една и единствена,
Бисер балкански вреден
Наш сладник еден!

Мојата татковина е мојот дом

Мојата татковина е мојот дом .А дом е сè она што треба еден човек да поседува.Тука живеам, тука припаѓам и тука се чувствувам сигурно.Мојата татковина е Македонија исполнета со прекрасни планини,падини,езера, реки, манастири ,цркви,паркови, училишта.Исто така едно од најстарите места во Скопје е Скопското Кале и Старата Скопска чарсшија.Овие скапоцени дестинации исполнети се со занаети изработени од народ кој ја цени традијата.Таа пред сите  нејзини убавини има минато исполнето со многу храбри борци кои се бореле за својата татковина , еден од нив е и Кузмaн Јосифовски -Питу, нашиот Патрон .За да можам јас и сите ние да се чувствуваме сигурно и безбедно денес.Многу училишта  го носат името на борците кои го дале животот свој за денешната слобода.Јас учам во училиштето ООУ,, Кузман Јосифовски -Питу,, и со сигурност можам да кажам дека е прекрасно , чувството да се има безброј  борци кои се бореле за твојата иднина е бесценето.Горда сум затоа што сум Македонка, горда сум на својата татковина и својот дом.Те сакам бескрајно татковино моја.

Првото место на ликовниот конкурс го освои ученичката од VII – 1 одделение, Александра Трајчевска, второто место го освои ученикот Хриситијан Ѓуровиќ од VI – 1 одделение, а третото место му припадна на ученикот Јован Јосифовски од VI – 2 одделение.