За учениците од прво одделение приемот ќе биде во 09:00 часот во училишниот двор. На првачињата ќе им бидат доделени училишни ранци со тетратки и училишен прибор, обезбедени од Општина Кисела Вода.
Учениците од второ до деветто одделение, на ден 01.09.2022 ќе ја почнат учебната година во своите училници во 08:00 часот.
На сите ученици им посакуваме успешен почеток на учебната година!
Директор
Андреја Стојанов