Прекрасна и весела дружба со Претседателката Гордана Силјановска-Давкова

Прекрасна и весела дружба со повеќе од 100 основци од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ “Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје кои денеска беа гости на Претседателката Гордана Силјановска-Давкова.
„Љубопитни, креативни и со многу интересни и смели прашања. Заеднички ја проследивме и церемонијата на менување на државното знаме на платото пред Кабинетот. Прекрасен ден!“, истакна Силјановска-Давкова.
За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.