Прогласени просветните работници на годината

Претседателство на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија на одржаната седница на 11.09.2023 година, врз основа на одредбите на својот Статут, донесе одлука Признанието Просветен работник на годината за учебната 2022/23 година да се додели на следните просветни работници:

 Од предучилишно образование

а) Категорија воспитувачи

  • Суза Ангелевска- воспитувач,  ЈУОДГ  „Орце Николов“- Карпош, Скопје

б) Категорија стручна служба

  • м-р Ана Цветкоска -Панова- педагог по ликовно воспитание, ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, Скопје;

 Од основно образование

а) категорија одделенска настава

  • м-р  Весна Бошковска, одделенски наставник во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Кисела Вода, Скопје и
  • Марина Станиславова, одделенски наставник во ООУ„ Страшо Пинџур“    Неготино;

б) категорија предметна настава

  • Вера Ангеловска, наставник по музичко образование во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ Скопје и
  • Валентина Степановска Андонова, наставник по физика, во ООУ„Даме  Груев“, Битола

г) категорија од заедниците

  • м-р Сатки Исмаили, наставник по математика во ООУ „Кирил и Методиј“, Тетово.

Членови на комисијата за доделување на награди, признанија и пофалници:
1. м-р Љупка Стојменова – претседател на комисијата,
2. Марија Давчевска- член на комисијата,
3. Елизабета Симоновска- член на комсијата,
4. Штефица Ујчиќ – член на комисијата,
5. Хатиџе Топали/ Hatixhe Topalli – член на комисијата.

Настанот беше организиран од Сојузот на просветни работници по повод 5-ти Октомври, Светски ден на учителите, во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

За вонредни ангажирања и придонес во унапредувањето на воспитно – образовната дејност, министерот за образование Јетон Шаќири, на десет просветни работници од предучилишно, основно и средно образование им додели признание Просветен работник на годината за учебната 2022/23.

– Светскиот ден на учителите е добар повод уште еднаш да им кажеме благодарам на сите учители, наставници и професори за тешката и одговорна работа во која секојдневно се вложуваат – воспитувањето и образованието на нашите деца. Со моќта да ја поттикнат љубопитноста и да всадат страст за стекнување нови знаења, тие го трасираат патот на учениците кон остварувањето на полниот потенцијал. А секој денешен ученик е утрешен градител на оваа држава – рече Шаќири.