Прв солистички хуманитарен концерт под мотото ” Кузман пее”

 

Почитувани,
Учениците при ООУ “Кузман ЈосифовскиПиту -Скопје ве покануваат на убава дружба и незаборавна забава на нивниот прв солистички хуманитарен концерт под мотото ” Кузман пее” – по освојувањето на прво место во Римини Италија, учениците се поканети во јули 2023 да бидат гости и да се претстават со два концерта во Монтекантини – Тоскана.
Видете хумани и со вашето присуство на овој концерт ќе допринесете за реализација на нивниот престој и патување, каде ќе ја претставуваат Македонија.
Со само 200 денари ќе бидете дел од насмевките на нивните лица и незаборавното патување.
Програма за сечиј вкус уметнички,детски,забавен и модерен жанр.
Хуманитарниот концерт ќе се одржи во кино салата на Македонски Железници -Транспорт и Врски.