Симулациска вежба по повод Меѓународниот ден на цивилна заштита

По повод 01 Март Меѓународниот ден на цивилната заштита, во нашето училиште ООУ Кузман Јосифовски Питу Скопје, од општина Кисела Вода, ќе се одржи симулациска вежба од страна на Дирекцијата за заштита и спасување.

На истата според сценариото учесници ќе бидат, наставниците, учениците и вработените од нашето училиште, потоа Дирекцијата за заштиат и спасување, Црвениот крст, Општина Кисела Вода, Против пожарна бригада.

Би ни било мило доколку како медиум го забележите овој настан.

Почетокот на вежбата е во 11 часот, иако според сценариото „Замјотресот“ ќе се случи во 10 часот, целата вежба ќе започне во 11 часот.

Со почит,
Андреја Стојанов
Директор на ООУ Кузман Јосифовски Питу Скопје