На час со познати личности од македонскиот спорт

На самиот почеток беа претставени гостите: познат фудбалер Ацо Стојков; познатиот кошаркар Перо Антиќ и секако нашиот домаќин и  Директор Андреја Стојанов.

Под мотото на  малата презентација :„Успехот е резултат на мали напори повторувани секој ден“ која ја истражувавме со нашите ученици од IV-1 ; IV-2 и IV-3 одделение за најавените гости како вовед на настаните што следеа.

-Перо Антиќ е првиот и единствениот македонски кошаркар досега кој играл во НБА лигата, каде две години го носел дресот на Атланта Хокс.

Со репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство 2011 год. во Литванија, Перо Антиќ го освоил четвртото место и повеќе пати бил прогласуван за најдобар кошаркар (2010, 2012, 2013, 2014, 2016, 2017).

-Ацо Стојков играл со репрезентативецот Горан Пандев во Фудбалскиот клуб Интернационале Милано Примавера, 2001/02, која ја освои титулата во младинската лига. Стојков   играл во Полска, Белгија, Србија, Унгарија, а моментално игра за Арау во Швајцарија. Тој се приклучи на Фудбалскиот клуб  Партизан во летото 2006 година и играше со клубот во првата половина од сезоната 2006-07.Тој е познат по својата брзина и способности за дриблинг.