Врз основа на член 59, 60, 61 и 63 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ бр. 161 од 05.08.2019) ООУ,, Кузман Јосифовски-Питу“ – Опшина Кисела Вода, Скопје
Објавува
ОГЛАС
за запишување ученици во прво одделение во учебната 2021/2022 година
Право на запишување во прво одделение имаат:
- Сите деца кои се родени 2015 година и кои до 31.12.2021 година ќе наполнат 6 години;
- Дополнително деца родени до 31.01.2016 година (по барање на родител и добиено мислење од психологот на училиштето).
Запишувањето на ученици во прво одделение трае од 03.05 2021 до 31.05.2021 година, со лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец мај, по претходно најавување преку телефон 078 416 017 и 078 248 628;
Родителите имаат можност и за електронско пријавување, електронско поднесување документи на E- uslugi.gov.mk, e-upisi.gov.mk .
Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
Уписот на учениците се реализира согласно здравствените протоколи за работа на училиштето.
Потребни документи за упис:
- Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
- Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа;
- Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.
Имајќи ја во предвид светската пандемија предизвикана од вирусот Covid-19, родителите имаат можност потврдите за стоматолошки и офталмолошки преглед да ги достават најдоцна до 31.08.2021 година, (пред започнување на учебната 2021/2022 година).
При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствена установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла на училиштето и на веб страната на училиштето најдоцна до 15 јуни 2021 година.
Наставата се организира во 3 паралелки (2 пралелки продолжителен престој во централното училиште и 1 паралелка класична настава со организиран дневен престој во подрачното училиште).
Скопје, 2021 година Д и р е к т о р: Андреја Стојанов