Потпишан меморандум за соработка меѓу ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“ и училиште од Унгарија

Нова меѓународна соработка:
Потпишан меморандум за соработка меѓу ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“ и училиште од Унгарија

Во духот на пријателството, размена на знаењата и зближување на учениците од различни култури, нашето училиште предводено од директорката Мишела Николовска-Милеска, и официјално потпиша меморандум за соработка со Igal Batthyany Karoly Altalanos Iskola од Игал, Унгарија.

Овој меморандум претставува основа за заеднички активности меѓу двете училишта кои ќе вклучуваат соработка на сите нивоа со заеднички активности кои се во корист на наставата, размена на искуства, промоција на културата и традицијата, организација на заеднички манифестации од културен и рекреативен карактер.

Во период од 16.06 до 22.06. 2025 г. нашите деветтоодделенци, предводени од менторот Татјана Нанкова учествуваа на полуматурскиот танц заедно со учениците на Баќиањ Карољ од Игал, проследија низа активности на крајот од учебната година, а исто така и посетија низа знаменитости во градот и околината. Исто така, учениците присуствуваа на завршните часови по информатика, ликовно и техничко образование, изработуваа фигури на 3 д принтер и други работилници на кои го презентираа нашето училиште, постигнатите резултати низ годините како и можностите и квалитетот со кои располага.

Оваа студиска посета беше поддржана и во соработка со локалната заедница, преку секторот за образование и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, бизнис заедницата, Здружението на Унгарците во Македонија, „Теледом“ и родители.

Преку овие активности учениците имаа можност да стекнат нови пријателства, да се запознаат со различни образовни пристапи и да ја прошират својата перспектива за светот.

Соработката е дел од пошироките напори за интернационализација на образованието, преку кои училиштата станувааат отворени за нови искуства идеи и пристапи. Потпишувањето на овој меморандум е чекор напред кон создавање генерации кои се отворени, комуникативни и културолошки чувствителни.

Во наредниот период, се очекува реализација на првите виртуелни средби меѓу учениците и наставниците од двете училишта. Овие активности ќе бидат насочени кон споделување традиции, училишен живот и креативни проекти што ќе го одразат богатството на двете култури.

Одговорен наставник
Татјана Нанкова

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу