Различни сме – но сите сме важни и сите припаѓаме

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учениците од I 2 одделение заедно со наставничката и образовниот асистент учествуваа во креативна работилница под мотото „Различни, а исти“.

Преку игра и разговор децата учеа дека сите луѓе се различни, но еднакво вредни, со исти потреби и права.

Учениците зборуваа за емпатија, почит и меѓусебна поддршка, и на практичен начин открија колку е важно да ги прифатиме различностите.

Во креативниот дел секој ученик изработи балон и рака со училиште кој претстави симбол на радост, пријателство и заедништво. Балоните ги претставуваа сите деца – различни по боја и форма, но сите заедно поврзани во едно големо училишно семејство.

Работилницата заврши со заедничка порака:

„Различни сме – но сите сме важни и сите припаѓаме.“

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу