Разликите помеѓу децата

Во текот на вчерашниот ден во второто одделение се реализираше работилница на тема „Разликите помеѓу децата“.

Со учениците разговаравме за тоа дека сите сме различни – по изглед, интереси, способности, мислења и карактер – и дека токму тие разлики нè прават посебни и вредни. Посебно внимание посветивме на почитувањето на туѓото мислење и правото секој слободно да го изрази своето мислење.

Учениците заклучија дека различностите не треба да бидат причина за недружење, туку можност да научиме нешто ново едни од други, да развиваме разбирање, емпатија и пријателство.

 

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу