Со силен аплауз ги испраќаме нашите деветтоодделенци на едно ново животно патување.
Вчера беа мали ученици кои со возбуда ги направија првите училишни чекори, а денес стојат пред нас како млади, зрели и подготвени луѓе.
Горди сме на секој нивен успех, на секоја насмевка, научена лекција и надминат предизвик. Нека ги следат храброста, знаењето и добрината каде и да одат.
Среќен пат, драги деветтоодделенци!
Нашите врати и нашите срца секогаш ќе останат отворени за вас.