ООУ,, Кузман Јосифовски – Питу“
– Општина Кисела Вода-Скопје
Објавува
ОГЛАС
за запишување ученици во прво одделение во учебната 2022/2023 година
Право на запишување во прво одделение имаат:
- Сите деца кои се родени 2016 година и кои до 31.12.2022 година ќе наполнат 6 години;
- Дополнително деца родени до 31.01.2017 година (по барање на родител и добиено мислење од комисијата за упис на училиштето).
Запишувањето на ученици во прво одделение трае од 03.05 2022 до 31.05.2022 година, со лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец мај, по претходно најавување преку телефон 078 416 017;
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:
- Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
- Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
- Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа;
- Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.
При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.
- Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствена установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
- За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла и на веб страната на училиштето.
- Наставата се организира во 3 паралелки ( 2 пралелки продолжителен престој во централното училиште и 1 паралелка класична настава со организиран дневен престој во подрачното училиште)
Скопје, 2022 година Д и р е к т о р:
Андреја Стојанов