Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј во посета на нашето училиште

Амбасадорката Галовеј присуствуваше на пробата на хорот на училиштето под водство на  наставникот по музичко образование,  Вера Ангеловска.

Хорот е поканет да учествува на 26 мај годинава во вилата на Претседателот на Република Северна Македонија по повод 70 годишното владеење на кралицата Елизабета и 30 годишна соработка на двете држави и да ја отвори манифестацијата со изведување на химните на двете држави. Честа и задоволството  на нашиот хор е голема, воедно да ја претстави инклузивноста во пеењето, интерпретирајќи ги песните со знаковниот јазик.

Оваа прилика ја искористивме да ги презентираме сите активности во нашето училиште во постигнување на целосна инклузивност за учениците со попреченост во нашето училиште.