ОГЛАС: Запишување на ученици во учебната 2023-2024 година

Врз основа на член  59, 60, 61 и 63 од Законот за основно образование

(Службен весник на РСМ  бр. 161/2019 и 229/20)

 

ООУ,, Кузман Јосифовски – Питу“

– Општина Кисела Вода-Скопје

Објавува

ОГЛАС

за запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година

 

Право на запишување во прво одделение имаат:
 

  • Сите деца кои се родени 2017 година и кои до 31.12.2023 година ќе наполнат 6 години;
  • Дополнително деца родени до 31.01.2018 година (по барање на родител и добиено мислење од комисијата за упис на училиштето).

 

Запишувањето на ученици во прво одделение трае од 02.05.2023 до 31.05.2023 година, со лично доставување на пријавите и потребните документи во текот на месец мај, по претходно најавување преку  телефон 078 416 017; 071 498 581.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС:

  • Извод од матична книга на родени за детето (фотокопија);
  • Лекарска потврда за примени задолжителни вакцини за детето издадена од надлежна здравствена установа;
  • Потврда за стоматолошки преглед издадена од стоматолог од надлежна здравствена установа;
  • Потврда од офталмолошки преглед издадена од надлежна здравствена установа.

 

При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот/старателот е должен да достави мислење/функционален профил од комисијата за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

 

  • Запишувањето на детето, на барање на родителот/старателот, здравствена установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

 

  • За запишаните ученици училиштето истакнува список на огласната табла и на веб страната на училиштето.
  • Наставата се организира во 3 паралелки ( 2 пралелки продолжителен престој во централното училиште и 1 паралелка класична настава со организиран дневен престој во подрачното училиште)

 

 

Скопје, 2023 година                                                                                   Д и р е к т о р: Андреја Стојанов

 

 ——————————————————————————————————————————

ПОКАНА

 

Врз основа на член  59, 60, 61 и 63 од Законот за основно образование (Службен весник на РСМ  бр. 161/2019 и 229/20), согласно изготвената реонизацијата од Општина Кисела Вода, Ве известуваме дека Вашето дете треба да се запише во прво одделение во учебната 2023/2024 година во ООУ,,Кузман Јосифовски–Питу“, Кисела Вода, Скопје. Запишувањето на учениците во прво одделение почнува од 02.05.2023 до 31.05.2023 година.

За информации и закажување јавете се на тел. 078 416 017; 071 498 581.

 

 

Директор                                                                                           Андреја Стојанов