Посета на претседателот од IV-1 одделение

На ден 27.02.2024 година учениците од IV-1 одделение заедно со своите наставнички Сузана Величковска и Наташа Трајковска го посетија претседателот на државата Стево Пендаровски. Во претседателската резиденција учениците остварија средба, поставуваа прашања, но и спонтано комуницираа и се дружеа со претседателот. Исто така учениците изработија  проект за претседателот и му поклонија плакета од учениците и вработените од ООУ „Кузман јосифовски – Питу“. Во рамките на предметот Историја и Општествово во кој се изучува за  претседателот на државата како дел од  државните институции, учениците се стекнаа со интересни сознанија и факти. На крајот од посета учениците  ја испејаа химната на училиштето.