Jавен оглас за прибирање на понуди за фотографирање 2023-2024

ЈАВЕН ОГЛАС

за прибирање понуди за фотографирање ученици за учебната 2023/2024 година

 

  1. Предмет: Барање за прибирање понуди
  2. Поднесувач на барањето: ООУ Кузман Јосифовски – Питу, Кисела Вода, Скопје, со седиште на ул. Антон Попов бр. 2, Скопје.
  3. Понудата треба да содржи цена по ученик за:

           I. Пакет фотографии за ученици – полуматуранти 

  • 16 фотографии во формат 3,5 x 4,5 см
  • 2 фотографии во формат 6 х 9 см
  • 4 фотографии во формат 5х7 см
  • 1 портретна фотографија во формат 13х18 см во боја
  • 1 портретна фотографија во формат 15х21 см во боја
  • колор алманах испечатен на квалитетна кунздрук хартија со тврда сјајна корица(350 гр.).
  • генерациска фотографија за потребите на алманахот со дрон

 

         II. Групно фотографирање по одделенија ( I-во до IX-то одд ) 

        III. Фотографирање за ученици од 5 одд мини алманах на ниво на паралелка изработен во боја и фотофрафија портрет 13х18 см

        4.  Задолжителни прилози кон понудата:

  • Име, презиме и адреса за физичко лице;
  • Доказ за идентитет – фотокопија од лична карта за физички лица
  • Tековна состојба од Централен регистер за правни лица не постара од 6 месеци;
  • Потврда дека врз правниот субјект не е отворена стечајна постапка, не постара од 6 месеци, издадена од ЦРМ.
  • Потврда дека врз правниот субјект не е отворена ликвидациона постапка, не постара од 6 месеци, издена од ЦРМ.
  • ДРД Образец – Документ за регистрирана дејност не постар од 6 месеци, издаден од ЦРМ. (правни лица).

Документите се доставуваат во оргинал или заверени на нотар.

         5. Критериум за избор на најповолна понуда:

  • најниска цена

Огласот  трае  5 работни дена  од  денот  на  објавувањето.

Поедноставената документација за апликација  да се подигне во просториите на секретарот на училиштето од 09:00 до 13:00 часот.

Понудите со потребните документи да се достават до ООУ Кузман Јосифовски-Питу ул.Антон Попов бр.2, Скопје, за Совет на родители,  препорачано по  пошта  или  лично  со  назнака: ЗА ОГЛАС- Прибирање понуди за фотографирање на ученици во учебната 2023/2024 година. Во горниот лев агол на запечатениот плик да се назначи НЕ ОТВОРАЈ.

Некомплетни, нецелосни и ненавремено доставени понуди нема да се разгледуваат.

 

                                                                            ООУ Кузман Јосифовски – Питу,Кисела Вода, Скопје