Хуманитарна акција за денот на жената, 8 Март

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, наставничките од III-2 одделение, Бојана Стојчевска и Елена Стамболиска заедно со родителите и учениците одлучија средствата за подароци да ги донираат за лекување на Леонид.

Преку оваа иницијатива, учениците ја научија најважната лекција – да се биде хуман, да се помага онаму каде што е најпотребно. Наставничките водени од мислата „За нас малку, за некого живот значи“ имаат желба ваквите иницијативи да станат традиција и во иднина да се помага и да се биде хуман.