Оглас за изведување на екскурзии 2023-2024

Врз основа на член 42 од Закон за основно образование (Сл.весник на РСМ 161/19, 229/20) и Правилникот зa начинот нa изведување нa екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности на учениците од основните училишта, ООУ Кузман Јосифовски-Питу, Кисела Вода, Скопје, објавува:

ЈАВЕН  ОГЛАС 

за  прибирање  на  понуди  за  изведување  на  екскурзии, излети и  други

вонучилишни акивности на учениците во учебната 2023/2024 година

 Еднодневен излет за учениците од 4-9 одделение.

  1. Еднодневен излет за учениците од 1-3 одделение.
  2. Еднодневна екскурзија за учениците од 3 одделение.
  3. Дводневна екскурзија за учениците од 6 одделение.
  4. Тродневна екскурзија за учениците од 9 одделение.
  5. Четиридневна настава во природа за учениците од 5 одделение

Набавката е делива на шест дела.

Училиштето  како  најповолен  понудувач  ќе  го  избере  понудувачот  кој  ги  исполнува  следниве минимални услови:

  • да е регистриран  согласно  позитивните  прописи  на  РСМ  за  вршење  на  соодветна  туристичка  дејност
  • да е регистриран најмалку три години пред изведувањето на екскурзијата, излетот или друга вонучилшна активност на учениците од основните училишта
  • да има успешно реализирано сопствена аранжманска програма во РСМ
  • да ги исполнуваат  условите  за  превоз  на  групи деца, согласно  Законот  за  безбедност  на  сообраќајот  на  патиштата и  Правилникот  за  посебни  технички  барања  на  возилата  со  кои  се  превезуваат  групи  деца.

Критериум за избор на најповолна понуда е најниска цена. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена за најповолна ќе биде избрана понудата која е прва донесена.

Огласот  трае  5 работни дена  од  денот  на  објавувањето.

Тендерската документација да се подигне во просториите на секретарот на училиштето од 09:00 до 14:00 часот.

Понудите со потребните документи да се достават до ООУ Кузман Јосифовски-Питу ул. Антон Попов бр.2, Скопје, во затворен плик, во писмена форма, во архивата на училиштето, со  назнака: ЗА ОГЛАС за прибирање на понуди за изведување на екскурзии, излети и други вонучилишни активности. Во горниот лев агол на запечатениот плик да се назначи НЕ ОТВОРАЈ.

Понудата се доставува во оригинален примерок, потпишан и заверен од одговорно лице  на понудувачот и во согласност со Правилникот  за начинот на изведување на екскурзиите, излетите и другите вонучилишни активности од основните училишта бр.12-13487/1 од 19.11.2019 година.

Најповолниот понудувач е должен да достави банкарска гаранција од 5 % од вкупната вредност на доворот во рок од 3 дена од потпишување на истиот. Рокот за доставување на понудите е 5 работни дена од денот на објавувањето, односно до 14.00 часот на 20.03.2024 година. Понудата која ќе пристигне подоцна ќе биде одбиена како неприфатлива.

Јавно отварање на понудите ќе се врши на ден 20.03.2024 година (среда) во 14.15 часот.

Некомплетни, нецелосни и ненавремено доставени понуди нема да се разгледуваат од комисијата.

Комисија за прибирање на понуди

ООУ Кузман Јосифовски – Питу, Скопје