Освоени награди на ГУЦ-ко Квиз

На конкурсот од СГГУС „Здравко Цветковски“ – ГУЦ со наслов ГУЦко Квиз нашите ученици ги освоија следните награди:
Прва награда во категорија Архитектура со тема ,,Традиционална (народна) македонска архитектура“ – Антонела Гроздановска – модел: “Крушевска куќа„;
Втора награда во истата категорија, Лука Поповиќ – модел: “Галичка куќа – Вила Доста„.
Прва награда во категорија Ликовна уметност со тема „Мртва природа“ – Евгенија Лина Кочовска со наслов: ,,Живот во светлината“;
Трета награда во истата категорија, Марта Мијовски со наслов: „Нов живот“.
Втора награда во категорија Историја со тема „Значајни знаменитости од земјава или светот“ – Стефан Гајдов со наслов: “Споменик Илинден – Македониум„.
За освоените награди сакам да се изразам со зборовите на Гај Јулије Цезар, но во множина: Дојдовме, видовме, победивме! – Стефан Штерјов.