Посета на Собранието

На 22 мај 2024 година учениците од V-1 и V-2 одделение со класните раководители го посетија Собранието на Република Македонија.

Посетата беше спроведена од страна на собраниската служба на која учениците имаа можност да се запознаат со историскиот развој на Собранието, создавањето на Македонската држава, донесувањето на првиот Устав на Македонија, изборот и работата на пратениците во законодавниот дом како една од трите власти во Република Македонија.

Тие ги посетија Кабинетот на Претседателот на Собранието, Сала „Македонија“ во која се одржуваат пленарните седници, Сала на уставна комисија во кое се одржала седницата на која е донесен Уставот на Република Македонија како највисок акт, Охридска соба, Кристална сала во која се одржуваат свечености и настани кога се доделуваат високи државни награди и состаноци од високо значење на државата и Соба на АСНОМ во која се изложени копиите од позначајните донесени акти од Македонската историја.