Оглас за добивање финансиска поддршка на најдобрите основци во Општина Кисела Вода

Јавен повик

за пријавување на најдобрите основци кои, постигнале одлични резултати на натпреварите во образованието, културата, науката и спортот за добивање финансиска поддршка.

Мешовити комисии составени од претставници на Советите на родителите, наставничките совети, општинската администрација итн, ќе се погрижат за објективен и транспарентен избор на најдобрите, согласно Правилниците донесени од страна на Советот на општината, за таа намена.
💻 Огласот е објавен на веб страната на општината и ќе трае пет дена од денот на објавувањето, а покрај објавата на општинската веб-страна и социјалните медиуми, истиот ќе биде објавен и на огласните табли на сите воспитно-образовни установи во општината.
📣 Се повикуваат сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот, да не се колебаат и да земат учество во изборот.
Јавниот оглас и потребните документи за апликација може да ги најдете на следниот линк: ВИДИ ОГЛАС.

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу