Момент исполнет со насмевки, креативност и многу љубов

По повод Меѓународниот ден, 8 Март – Денот на жената, најмалите ученици, нашите првачиња од I-3 одделение, заедно со нивните наставнички Наташа и Катерина, со многу љубов и внимание изработија мали честитки и подароци за своите мајки, кои секојдневно ги даруваат со грижа, нежност и насмевка.

Во нивните мали раце и големи срца се родија најискрените пораки на благодарност, почит и љубов. Секој стих и секоја изработка носеше дел од детската искреност и топлина, потсетувајќи нè дека најубавите зборови доаѓаат токму од детското срце.

Оваа активност беше уште еден прекрасен момент исполнет со насмевки, креативност и многу љубов, каква што само децата умеат да ни ја подарат.

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу