Сите се броиме

На  20.02.2026 г. учениците од  IV-2 одделение реализираа посета на книжарата  Literatura ,  каде присуствуваа на промоција и работилница посветена на книгата „Сите се броиме“, која ја обработува темата за прифаќање на различностите и почитување на секој поединец.

Во рамки на промотивниот настан, учениците се запознаа со содржината и пораката на книгата, која нагласува дека секој човек е вреден, уникатен и важен – без разлика на неговите способности, изглед, интереси или потекло. Преку разговор со организаторите и промоторот, учениците имаа можност активно да се вклучат во дискусијата.

По промоцијата следуваше интерактивна работилница, во која учениците преку групни активности, цртање и споделување лични ставови и размислувања за значењето на толеранцијата, емпатијата и меѓусебната поддршка. Тие искажаа пораки со кои ја истакнаа важноста на инклузијата и прифаќањето на различностите.

Посетата и работилницата придонесоа за развивање на социјалната свест, почитувањето и разбирањето меѓу учениците, како и за поттикнување љубов кон книгата и читањето. Активноста успешно ги реализираше воспитно-образовните цели насочени кон градење позитивни вредности и инклузивна училишна средина.

Одделенски наставници Билјана Младеновиќ и Светлана Симоновска

Comments are closed.
Кузман Јосифовски Питу