По повод одбележувањето на Денот на лицата со Даунов синдром – 21 Март, беше реализирана едукативна работилница во одделенијата 4-2, 2-1 и 3-1. Преку разговор, визуелни материјали и креативни активности учениците имаа можност да се запознаат со поимот различност и значењето на прифаќањето, почитувањето и поддршката на лицата со Даунов синдром.
Во рамки на работилницата беше прикажана и PowerPoint презентација, преку која учениците се запознаа со карактеристиките на децата со Даунов синдром, нивните способности, интереси и важноста од поддршка, разбирање и инклузија во училиштето и општеството.
Работилницата беше реализирана под мотото „Различноста нè прави посебни“, при што учениците активно учествуваа, поставуваа прашања и споделуваа свои мислења за важноста на другарството, емпатијата и почитувањето на различностите.
Целта на активноста беше да се поттикне свесноста кај учениците за прифаќање на различностите и градење на позитивни ставови кон лицата со Даунов синдром.