По повод Светскиот ден на здравјето 7 април, учениците од I 2 одделение заедно со наставничките реализираа посета на аптека. Тие се запознаа со работата на фармацевтот и научија за правилната употреба на лековите и значењето на здравите навики. Посетата беше интересна и едукативна, а учениците ја согледаа важноста на грижата за сопственото здравје.
